Додека шефот на мексиканската наркомафија, Хоакин Ел Чапо Гузман, е во самица и го чека судењето, кое треба да почне оваа недела, неговата империја тешка милијарди долари и понатаму цвета управувана од неговите двајца синови, Иван Арчивалдо Гузман Салазар и Хесуса Алфед Гузман Салазар.
„Нема сомнение дека судењето на Гузман, кој се изјасни дека не е виновен по 17-те точки за обвинение за трговија со дрога, заговор за убиство и перење пари, ќе трае најмалку четири месеци“, пишува „Њујорк дејли њуз“.
Иван Арчивалдо и Хезус Алфредо подготвени се да го преземат неговиот бизнис. Ел Чапо ги доби двајцата со првата сопруга Марија Алехандрина Салараз Ернандез, со која се ожени во 1977 година. Нивниот трет син, Цезар, е убиен пред шест години.
Алфредо минатиот месец е ставен на списокот на десет најбарани лица на американската Управа за борба против наркокриминал. Обвинет е во 2009 година за трговија со дрога во Илиноис, а за информации што ќе помогнат во неговото апсење распишана е награда од пет милиони долари.
За разлика од таткото, кој се криел, двајцата браќа отворено воделе луксузен живот во Мексико и тоа го споделувале на социјалните мрежи.
Се верува дека Ел Чапо има најмалку 15 деца, а американската Сојузна полиција верува дека можеби има и повеќе.
На судењето ќе сведочи и Мајк Мекгуен, поранешнот агент на Федералното истражно биро, кој одел во затвор во Мексико за да му се доближи на Ел Чапо, претставувајќи се како шеф на италијанската мафија.
Текстот Синовите на Ел Чапо го продолжија бизнисот на нивниот татко е превземен од Reporter.mk.