Сите милијардери на светот имаат богатство како 4,6 милијарди луѓе

Според извештајот на организацијата Оxfam , јазот меѓу најбогатите луѓе на светот и остатокот од човештвото достигна рекордни размери. Најбогатите луѓе имаат двојно повеќе богатство од преостанатите 90% од луѓето, е наведено во извештајот кој е објавен во пресрет на Светскиот економски форум во Давос.

Овој форум е наречен „Време за грижа“, а се фокусира воглавно на ниските платени работни места, особено оние кои ги работат жените и младите девојки. Во извештајот е наведено дека 22 светски богаташи, денес имаат поголемо богатство од сите жени во Африка.

Оxfam наведува денес дека постојат 2.153 милијардери во светот, а нивното богатство е еднакво на богатството на 62% од светската популација или 4,6 милијарди луѓе, пренесува „Раша тудеј“.

Јазот меѓу богатите и сиромашните сеуште се зголемува ако се спореди комбинираниот приход на најбогатите со имотот на 6,9 милијарди луѓе. Според извештајот, еден процент од најбогатите има двојно поголемо богатство од речиси 90% од светската популација.

Од добротворната организација Oxfam, која тврди дека зголемувањето на данокот можеби е еден од начините на решавање на нееднаковста меѓу богатите и сиромашните, велат дека оданочувањето на најбогатите луѓе на светот, со дополнителни 0,5% во следната деценија, би можела да им осигура на владите доволно средства за создавање на 116 милиони работни места во здравството, образованието и другите сектори.

Иако Ohfam досега никого нема именувано во својот извештај, сите очи се насочени кон најбогатите луѓе на светот, директорот на „Амазон“ Џеф Безос и директорот на луксузниот гигант LVHM Бернар Арно. Богатството на Безос се проценува на 115,2 милијарди американски долари, додека нето имотот на Арно, 107,6 милијарди долари.

 

 

Текстот Сите милијардери на светот имаат богатство како 4,6 милијарди луѓе е превземен од Reporter.mk.