Сите пластични операции на Владимир Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, оваа година го почна својот четврт претседателски мандат, а светските медиумите на големо пишуваат дека рускиот лидер во овој период има направено неколку хируршки зафати со цел да изгледа помладо.

Руските медиумите пишуваат дека Путин ги средил очните капаци, челото и образите. Познато е дека Путин води сметка за својот физички изглед затоа што на 65 години изгледа и повеќе од одлично. Но, експерт за пластична хирургија од Лондон смета дека рускиот лидер имал одредени зафати што го чинеле околу 9000 евра, пишува „Дејли стар“.

Во текстот на „Дејли стар“ авторот пишува дека овие пари не се никаков трошок за Путин, поради тоа што Русинот наводно важи за најбогат човек во светот.

Ејми Скот од истиот медиум вели дека Путин дефинитивно минал низ многу суптилна процедура во пластичната хирургија за да изгледа помладо.

Шпекулациите за ова кружат веќе подолго време, а како аргумент за ова тврдење сите го користат  фактот што Путин драстично го сменил изгледот во изминатите 20 години колку што е во политиката.

Неговото лице се пополнило, очите му изгледаат потесно, а се чини дека има и помалку брчки. Според пишувањата на „Дејли стар“, се чини дека Путин прави сè за што подолго да остане меѓу најмоќните луѓе на светот.

Ејми Скот верува дека Путин користел ботокс, дека ставал филери во образите и дека ги средил очните капаци преку хируршки пат.

Питин на власт ќе остане до 2022 година, а дали ќе одлучи да се кандидира и за петти мандат, останува да се види.

 

 

Текстот Сите пластични операции на Владимир Путин е превземен од Reporter.mk.