Сите сме за во Бардовци

Штипење и иритација на очите, неможност да се земе воздух, чудна миризба на изгорена гума, се само дел од работите на кои се жалат граѓаните, откако загаденоста на нивото на државата, според веб-страницата World’s air pollution, достигна 484.

Македонија во моментов е четврта во светот според загаденост, пренесе Макфакс.

Според мерните станици, најзагадено вчера вечер било во Битола и Скопје. Нивото на штетните PM10 честички во Битола е 390 микрограми на кубен метар, односно речиси 5 пати над дозволената граница. Во Скопје, најзагадено пак беше во населбата 11 Октомври, Миладиновци, Аеродром, а мерната станица кај Ректорат покажува загаденост со ПМ10 честички од дури 354 микрограми на кубен метар.

Најмалку загадено е на Водно, во Бардовци каде бројката е 35, Железара и во Сопиште.

Во Ново Лисиче не работеше мерната станица, па активистите на „Екопатрола“ излегоа на терен со мобилен мерач PICO. Според активистите, нивото на ПМ10 честички во општината изнесуваше дури 550 микрограми на кубен метар или речиси 11 пати повеќе од дозволената граница.

Од Министерството за здравство вчера  изјавија дека нема да воведуваат  вонредни мерки за спречување на здравствените последици од загадувањето, туку дека ќе вршат анализа кои се ризични категории на граѓани на кои најмногу може да им наштетат ПМ10 честичките.

И додека надлежните институции сè уште немаат излезено со конкретни мерки и чекори против енормното загадување, граѓаните масовно бараат решавање на долготрајниот проблем кој се чувствува секоја зима, а остава сериозни последици по здравјето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

иозни последици по здравјето.

Текстот Сите сме за во Бардовци е превземен од Reporter.mk.