Скопје сe кандидира за најзелен град во Европа

Скопје и уште осум европски градови се кандидираа за наградата „Европска зелена престолнина 2021“ (European Green Capital). Во конкуренција за наградата се и Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вастерас (Шведска).

Наградите „Зелена престолнина на Европа“ и „Европски зелен лист“ постојат за да се наградат достигнувањата што ги прават градовите за да ја подобрат својата локална средина и квалитетот на живеење. И покрај тоа што многу европски градови се соочуваат со еколошки проблеми, тие често нудат и иновативни решенија за борба со еколошките проблеми.

Текстот Скопје сe кандидира за најзелен град во Европа е превземен од Reporter.mk.