Скратете ги шишките дома како врвен фризер

Одењето на фризер овие денови иако не е забрането, многумина го избегнуваат. Меѓутоа што е со вашите шишки? Ја прераснаа дозволената должина и сега нескротливо ви паѓаат на сите страни. Иако остатокот од косата може да почека, тие навистина не можат. Можеби ги држите под контрола со шнола на врвот на главата, или сте се откажале од тоа и сте го решиле истото со венче.

За каква прва помош и да сте посегнале, ние ви носиме вистинско освежување. Всушност, своите шишки можете да ги средите и сами, со неколку едноставни насоки.

Пред сè, поставете си себеси прашање, а дали кратењето на шишките ви е навистина неопходно? Доколку одговорот е потврден, можеме да започнеме.

Доколку ова го правите прв пат, а претпоставуваме дека е така, знајте дека ќе ви треба соодветниот прибор – чешел и ножици за фризер, кои се далеку попрецизни од обичните. Пред да започнете со кратењето, мораме да нагласиме дека тоа најдобро се прави на сува коса, затоа што шишките имаат тенденција да изгледаат подолго кога се мокри и така ве залажуваат. Шишките мораат да ја следат природната линија на падот на вашата коса.

Прв чекор: косата е потребно да исчешлате напред, префрлете ја да паѓа преку очите и кратете ја со хоризонтални потези не повеќе од пола сантиметар во еден замав. Кога тоа ќе го направите, обидете се еднакво да ги раздвоите прамените, подигнете ја косата нагоре и потоа направете вертикални резови на краевите од косата. На овој начин косата добива текстура.

Втор чекор: препораката е шишките да ги сечете од рабовите на слободниот дел, или од средината кон краевите. Секако додека тоа го правите треба да бидете пред огледалото, како би се увериле дека правите пропорционална слика.

Трет чекор: И веројатно најважен. Оставете шишки минимум сантиметар должина откако да сакате да бидат. Секогаш можете откако ќе го погледнете својот ремек дело, повторно да ги дофатите ножиците, но саканата должина не можете да ја вратите кога еднаш веќе сте го направиле резот.

Текстот Скратете ги шишките дома како врвен фризер е превземен од Reporter.mk.