Плетена сламена чанта ќе биде шик ова лето. Таа веќе е популарна од минатата сезона, но се чини дека девојките и ова лето не можат да ја заборават.
Може да ја комбинирате со се, но одлично ќе оди со цветно фустанче со копчиња и тропски принт како совршена најава за топлите летни денови. Еден од моделите за чанта за која ќе се решите, нека биде во кружна форма со црна плетена рачка и сосема доволна да го собере сè она што ви е потребно.
Доколку во моментов сте во потрага по совршената чанта со која ќе ја отворите летната сезона, тогаш ова е одличен предлог.
Текстот Сламена чанта ќе биде шик ова лето е превземен од Reporter.mk.