Славниот грчки композитор доживеа срцев удар

Микис Теодоракис, еден од најславните грчки композитори, автор на музиката за култниот филм „Гркот Зорба“, е хоспитализиран по доживеаниот срцев удар.

Теодоракис е надвор од животна опасност, објавила во неделата грчката новинска агенција „Ана“.

Теодоракис (93) во петокот бил пренесен во болница во Атина, каде што се пожалил на силна болка во градниот кош и на неправилен срцев ритам, пишува Ана.

Лекарите известиле дека Теодаракис е надвор од животна опасност, но поради неговите години, медицинскиот персонал и понатаму е состојба на готовност.

Во светот е познат по музиката што ја композирал за филмот „Гркот Зорба“ во 1964 год. Теодаракис се смета за важен во грчкиот политички живот. Како член на движењето на отпорот во текот на нацистичката ера и грчката граѓанска војна, а по втората Светска војна и како борец против воената диктатура од 1967 до 1974 година, тој бил прогонуван, затворан и мачен. Неговата музика во Грција некое време била забранета. Во 1974 година се враќа во демократска Грција и од тогаш е еден од креаторите на нејзината политика.

Роден е во 1925 година на грчкиот остров Хиос.

 

 

 

Текстот Славниот грчки композитор доживеа срцев удар е превземен од Reporter.mk.