Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека напорите САД да ја наметнат својата доминација над другите земји и да ја истуркаат компанијата „Хуавеи“ од глобалниот пазар, може да биде првиот знак за нова технолошка војна. Путин на обраќањето на економскиот форум во Санкт Петербург се пожалил на нечесната конкуренција.
Рускиот претседател вели дека САД сака да воведе протекционизам. Американскиот пристап ќе наметне игра без правила, каде секој ќе биде свртен против сите, додал Путин.
Претседателот истакна дека е загрижен поради обидите на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ да биде истуркан од светскиот пазар. Путин додал дека САД се обидуваат да ја наметнат својата правна сила ширум светот.
Текстот Случајот со „Хуавеи“ може да биде почеток на нова технолошка војна е превземен од Reporter.mk.