Слушајќи совети за лажни лековити билки, Славчо починал од тумор на мозок

Србинката Билјана Јовановиќ го обвинува Мирољуб Петровиќ, човек кој во јавноста е познат како самопрогласен лекар, за смртта на нејзиниот брат Славчо Петров. Славчо кој починал на 7 јануари боледувал од тумор на мозокот.

Билјана го обвинила Петровиќ за методот на лечење на Славчо и вели дека Петровиќ е тој кој им рекол да не одат на лекар и дека со конзумирање на неговите билки на нејзиниот брат ќе му било подобро.

„Лекарите во март му открија на мојот брат тумор во главата. Ни соопштија дека најверојатно станува збор за бенинген, но дека дека е на тешко достапно место и деа операцијата може да ги оштети моторичките функции. Ние се исплашивме. Му се обратив на Мирољубв, кој ни рече дека тоа не е ништо. Дека може лесно да се реши. Не советуваше да не пиеме никакви лекови кои ни ги препишале докторите, туку само да ги конзумира неговите лекови и сокови. Ние бевме во финансиска состојба да го оперираме Славчо во странство, но Мирољуб не убедуваше да не го правиме тоа“, вели Билјана и додава дека нејзиниот брат минал шест дена во центарот на Петровиќ и дека дневно им наплатувал по 120 евра.

Кога несреќното момче Славчо, кој инаку бил епилептичар, починал, Петровиќ целата вина се обидел да ја префрли на семејството.

„Јас никогаш не им реков дека можам да излечам било кој. Јас на луѓето само можам да им дадам совет како себе си да се излечат. Госпоѓата мене ме идеализираше и мислеше дека можам да го решам здравствениот проблем на нејзиниот брат. Мислеше дека сум некаков чудотворец. Јас не можам да им ги решам здравствените проблеми. Неговиот брат никогаш и го немам видено, ниту сум се слушнал со него“, вели Петровиќ.

Тој додал дека не го наплатува лечењето и дека луѓето доаѓаат во објектот каде ги држи неговите студенти, за да се придржуваат до советите кои тој им ги давал.

„Јас дадов се од себе, но госпоѓата очекувала да го работам она што тие требаа самите да го направат. Што можам јас да правам ако тој моите совети буквално ги сваќал како лек? Тој можел да ме разбере дека ако ја ставам раката на неговата глава, ќе можам да го воскреснам“, изјавил Мирољуб.

Билјана изјавила дека нема да го тужи Петровиќ, затоа што била верник ѝ не посакувала на никого зло. И покрај тоа што Петровиќ на крајот велел дека не земал ни евро од починатиот, сепак Билјана вели изјавила дека нејзиниот брат минал пет дена кај него и дека му наплатил околу 600 евра.

 

 

 

 

 

Текстот Слушајќи совети за лажни лековити билки, Славчо починал од тумор на мозок е превземен од Reporter.mk.