Научниците во понеделникот забележаа затемнување на Сонцето. Тие велат дека ова минијатурното помрачување се случило поради малечката планета Меркур, која минала преку огромниот Сончев диск. Ваквата појава ретко може да се забележи, велат тие.
Љубителите на астрономијата со помош на филтери за Сончевата светлина и преку двогледи и телескоп, го следеле движењето на Меркур. Тие велат дека забележале мала црна точка, која преминува меѓу Земјата и Сонцето.
Оваа појава во Средна и Јужна Америка и на истокот на САД и во Канада, траела пет часа. Од други места во светот тие велат дека било невозможно да се види, освен во Азија и Австралија, каде траела многу кратко време.
Меркур е најмалата планета на Сончевиот систем и се наоѓа најблиску до Сонето. Следен пат кога ќе се случи затемнувањето на Сонцето е 2032 година, велат астрономите. Следното затемнување на Сонцето кое може да се забележи од Северна Америка, ќе се случи дури во 2049 година.
Во Кејп Канаверала, на Флорида, љубителите на вселената имаа можност да бидат сведоци на два спектакли. Една е помрачувањето на Сонцето, а втората е лансирањето на 60 мали сателити од страна на приватната акомпанија SpaceX.
Текстот Снимено затемнување на Сонцето е превземен од Reporter.mk.