Португалецот Кристијано Роналдо има 35 години и договор да игра во Јувентус уште две години, но поранешниот негов соиграч и сегашен тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не гледа пречка за големо враќање на најдобриот фудбалер во светот на Олд Трафорд.
„Зошто да не? Играв со него, предобро го знам и знам дека тој е најдобриот фудбалер во светот. Вратата секогаш ќе му биде отворена во клубот. Клубот кој го создаде. Роналдо тука научи како да биде најдобар и најприродно би било да се врати во својот клуб“, изјавил Солскјер.
Норвежанецот објасни дека клубот има доволно пари за било кое засилување за новата сезона.
Текстот Солскјер подготвува терен за враќање на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед е превземен од Reporter.mk.