Соларната сонда „Паркер“, на американската агенција „НАСА“, се наоѓа поблиску до Сонцето, од кои било вселенско летало брод или сателит досега.
„Паркер“ го надмина рекордот од 43 милиони километри од Сонцето, кој во 1976 година го постави сондата „Хелиос 2“.
Тој ќе продолжи да се доближува до Сонцето се додека следната недела за прв пат не пролета низ короната, надворешната Сончева атмосфера, која се наоѓа на 24 милиони километри од површината на нашата ѕвезда.
Паркер во текот на наредните седум години, 24 пати се има доближено до Сонцето, а најмалата оддалеченост ќе биде само шест милиони километри.
„Паркер“ е лансиран во август, а во текот на ноќта се очекува да постави уште еден рекорд. Да ја надмине рекордната брзина на „Хелиос 2“ од 247.000 километри на час.
Текстот Сондата „Паркер“ му се доближи на Сонцето најблиску од кој било друг објект е превземен од Reporter.mk.