Сопружници од Швајцарија земале 140.000 франци социјална помош и купиле три куќи во Босна

Сопружници од Босна и Херцеговина биле прогласени за виновни од страна на судот во Луцерн, Швајцарија, откако во периодот од 2008 година до 2013 година, од швајцарските органи земале 140.000 франки социјална помош.

Покрај тоа не пријавиле дека во претходниот период во Босна и Херцеговина купиле дури три семејни куќи. Како што пишуваат швајцарските медиуми, сопружниците биле обвинети за измама.

Куќата не ја пријавиле на надлежните социјални служби, од каде ја земале паричната помош, иако според законите во Швајцарија, тие биле обврзани да го направат тоа.

Судот, како што пишуваат швајцарските медиуми, утврдил дека барем една од трите куќи гласела на нивно име и поради тоа двојката е казнета со 14.400 франки и сè осудени на две години условна казна.

Швајцарските медиуми пишуваат дека брачната двојка на засега неправосилната пресуда вложила жалба до кантоналниот суд.

Онлајн магазинот Zentralplus пишува дека измамата е случајно откриена од страна на нивниот син, кога социјалните работници биле во посета на нивниот семеен дом во градот Емен во близина на Луцерн.

„Брачната двојка не била дома, а вратата на социјалните работници им ја отворил нивниот син. Синот им рекол на службите дека неговите родители се наоѓаат во нивниот дом во Босна и Херцеговина и дека ќе се вратат за една до две недели. Потоа им ги покажал фотографиите од нив“, пишува Zentralplus.

Кога исказот на синот бил претставен пред судот, родителите се бранеле дека нивниот син не знаел што говори затоа што боледувал од ментална болест.

Zentralplus наведува дека сопружниците упорно ги негирале наводите дека поседуваат недвижности во Бсна и Херцеговина, но на крајот, притиснати од доказите, признале дека во периодот од 2003 година, до 2006 година, купиле три куќи.

 

 

 

Текстот Сопружници од Швајцарија земале 140.000 франци социјална помош и купиле три куќи во Босна е превземен од Reporter.mk.