Спајдермен против короната, ги забавува децата кои се во изолација

ГЗа денот на шегата, први април, Британецот Џејсон Бред се маскираше во Спајдермен и ги забавуваше децата додека се во изолација во нивните домови.

Тој живее во градот Стокпорт, на северот на Англија, кој беше затворен поради опасниот коронавирус. Бред смислил оригинален начин како на младите да им го направи времето поинтересно.

Тој работи како наставник по боречки вештини и додека се шеташе низ улиците, џогираше и правеше акробатски скокови. Ги поздравуваше децата, а тие му возвраќаа од прозорте.

Џејсон беше и во посетата на неговото школо, каде работи, а се сликаше и со полициските службеници.

Текстот Спајдермен против короната, ги забавува децата кои се во изолација е превземен од Reporter.mk.