Според обложувалниците „Медена Земја“ со поголеми шанси за „Оскар“

Коефициентите во обложувалниците за македонскиот документарец „Медена Земја“ да добие Оскар се во постојан пад. Откако минатата недела беа објавени коефициентите за победа во разните категории, шансите за документарецот на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска да добие Оскар, се зголемија.

Тоа се должи на позитивните рецензии од критичарите и освоените претходни награди за „Медена Земја“. Според прогнозите, филмот „Парзит“ е главен фаворит за освојување на „Оскар“ со коефициент 1,03, додека букмејкерите за „Американ Фактори“, му даваат коефициент од 1,17.

На почетокот шансите на „Медена земја“ да добие „Оскар“ беа со коефициент 32,0, за по една недела паднат на 13.0. Сега коефициентот за „Медена Земја“ да добие „Оскар“ падна на 5.0. Тоа значи дека со уплата од 1.000 денари, би можеле да добиете 5.500 денари, ако „Медена земја“ добие „Оскар“.

Во двете конкуренции „Медена земја“ се движи од второто до третото место во шансите за добивање на „Оскар“. Апсолутни фаворити се „Паразит“ и „Американ Фактори“.

Текстот Според обложувалниците „Медена Земја“ со поголеми шанси за „Оскар“ е превземен од Reporter.mk.