На годинашниот избор за најубав задник во светот била спречена тепачка за време на доделувањето на наградите. Инцидентот настанал откако италијанската претставничка Марјана Петито, незадоволна од изборот за победник, ја потегнала лентата на бразилската претставничка Сузи Кортез.
Петито викнала дека Сузи не ја заслужува титулата за најубав задник во светот. За среќа обезбедувањето брзо реагирало и ја смирила ситуацијата.
Ова не е прв пат да се случи ваков скандал. Минатата година сличен инцидент настана откако една од учесничките ѝ го украла појасот на победничката ѝ ја обвинила дека има вештачки задник.
Во 2016 година, шест од 15-те финалисти биле осомничени за мамење со гласовите на натпреварот Miss BumBum. Едно од најважните правила на изборот е женските натпреварувачи да не смеат да направат никаква операција на задникот, додека естетските корекции на другите делови од телот се дозволени.
Текстот Спречена тепачка на светскиот избор за најубав задник е превземен од Reporter.mk.