Србија би можела да лансира сателит во вселената

Србија сака да лансира сателит со српско знаме на него што ќе ја надгледува целата земја. Овој потфат не е научна фантастика за оваа земја, туку извесна реалност, вели Ања Накада-Печуљиќ.

Ања, која е основач на фондацијата „Српско заложување за вселената“ и која во Келн работи на својот докторат за вселенски права, вели дека трошоците за правење и лансирање на сателитот нема да бидат астрономски.

Во разговорот што го водела со луѓе од Европската вселенска агенција, Ања вели дека сите држави што имаат желба да го лансираат својот прв сателит во научни цели може да добијат помош и бесплатно лансирање од други земји.

„Тука е нашата шанса. Првиот сателит би можел да биде мал сателит, таканаречен кјубаст. Русија, Јапонија, Индија и американската НАСА ги охрабруваат земјите што сакаат да го лансираат својот прв сателит. Во моментов 10 земји имаат можност за автономно лансирање на ракети и сателити“, вели Ања.

Користа од првиот српски сателит би била повеќекратна. Преку него би се надгледувал секој предел на земјата, а можат да се следат и климатските промени.

Првиот чекор за зачленување на Србија во меѓународната вселенска заедница е да побара членство во Комитетот за мирољубиво користење на космичкиот простор на Обединетите нации.

„Нема причина и ние да не станеме дел од тоа. Вселената не ѝ припаѓа на една држава, организација или поединец, туку на сите луѓе на земјата, нешто што е признато со вселенското право“, вели Ања.

 

 

Текстот Србија би можела да лансира сателит во вселената е превземен од Reporter.mk.