Србија стана полноправна членка на „ЦЕРН“

Србија по втор пат стана членка на Европската организација на нуклеарно истражување „ЦЕРН“. Ваквата одлука беше донесена со едногласно усвојување на резолуцијата на Советот на оваа организација во Женева.

Покрај Израел, Швајцарија и Норвешка, Србија е четвртата земја која не е членка на ЕУ, а е полноправна членка на оваа престижна научна организација. Србија стана полноправна членка и покрај тоа што не сите членки на ЕУ, имаат пристапено кон оваа организација.

Словенија е една од земјите со постојано членство и има статус на придружен член, каков што претходно имала и Србија. Ова членство, како што е наведено од кабинетот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, им овозможува на студентите и професорите да работат на истражувања од светско ниво во Србија.

Покрај зголемениот квалитет на научните истражувања, пристапот до најнова научна опрема и технологија, како и пренесувањето на искуствата и знаењата, членството во „ЦЕРН“ влијае и на спречување на заминувањето на образованите млади луѓе од Србија.

„Српската економија има значителна корист од ова членство. Нашите компании сега во голема мера ќе имаат можност да учествуваат во сите тендери кои ги распишува „ЦЕРН“ и на тој начин рамноправно да се натпреваруваат со светските успешни компании“, е наведено од кабинетот на премиерката.

 

Текстот Србија стана полноправна членка на „ЦЕРН“ е превземен од Reporter.mk.