Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) одреди 12 судии кои ќе конкурираат за делење на правдата во финишот на Светското првенство во Русија.
Откако е одлучено дека Уругваецот Андрес Куња ќе биде главниот арбитар на првото полуфинале меѓу Франција и Белгија, ФИФА дополнително го скрати списокот на судии кои ќе конкурираат за преостанатите три меча на Мундијалот.
Милорад Мажиќ се наоѓа на списокот на имиња од 12 судии кои можат да се најдат на некои од трите преостанати мечеви. Најдобриот српски арбитар заедно со своите помошници Далобор Џурџевиќ и Милан Ристиќ, ќе бидат во конкуренција за мечевите од полуфиналето, мечевите за третото место или можеби за финалниот меч кој е закажан за 15 јули во Москва. Но, овој список дополнително ќе биде скратен по полуфиналињата.
Списокот на преостанатите судии:
Алиреза Фагани (Иран), Маланг Диједију (Сенегал), Марк Гајгер (САД), Цезар Артуро Рамос Палазуелос (Мексико), Андрес Куња (Уругвај), Нестор Питана (Аргентина), Сандро Рики (Бразил), Метју Конгер (Нов Зеланд), Џунејт Чакир (Турција), Бјорн Кујперс (Холандија), Милорад Мажиќ (Србија) и Џанлука Роки (Италија).
Исто така одредени се и судии кои ќе се наоѓаат во студиото и ќе помагаат на колегите на теренот.
Вилтон Сампаио (Бразил), Мауро Вилјано (Аргентина), Бастијан Данкерт (Германија), Артур Диас Соареш (Португалија), Павел Жил (Полска), Масимилијано Ирати (Италија) Дани МекКели (Холандија), Даниеле Орсато (Италија), Паоло Валери (Италија), Феликс Цвајер (Германија).