Денот на вљубените се прославува ширум светот . Баш затоа, треба да засветкате во најдобро издание.
Во продолжение дознајте кои се нашите предлози и совети за Денот ва вљубените!
Нека 14. Февруари биде ден за паметење
Сигурни сме дека веќе се радувате на овој ден. Со саканата личност ќе го одбележите Денот на љубовта и ќе уживате во романтичните моменти. Тој ден ќе биде прекрасен, а важен е и вашиот стајлинг. Едноставно е неизбежен кога станува збор за важни случувања. 2020 започна доста возбудливо, особено кога модата е во прашање. Оваа година, тантелата е нештото кое мора да го имате, па сигурно нема да погрешите доколку изберете фустан со тантела токму за овој специјален ден.
Вечна дилема – романтично или секси?
Често се прашуваме за Денот на заљубените дали е подобро да облечеме нешто попровокативно или романтично. Што и да изберете, нема да погрешите. Имајте на ум дека е подобро да ви е удобно и да можете слободно да се движите, отколку да бидете во нешто кое постојано ќе ве стега и во кое нема да ви биде ни малку пријатно.
Неутрална шминка и пуштена коса – полн погодок!
Најдобрата шминка за Денот за заљубените е неутралната шминка. Сепак ова е вечер створена за многу бакнежи, па нека тешката и јака шминка не ви е потребна. Според истражувањата, мажите најмногу сакаат кога жените имаат пуштена коса и изгледаат што е можно поприродно. Тоа ни оди во прилог затоа што не мораме да размислуваме околу комплицираните фризури. Пуштете ја косата, ставете го омилениот парфем и заблескајте за Денот на љубовта.
Бидете средени дури и ако останувате дома!
На парнерот ќе му се допадне ако дома го пречекате во штикли. Малку промена нема да биде на одмет. Дури и ако сте избрале вечерта да ја поминете во куќна варијанта, би било добро себеси да си дозволите некое парче долна црвена облека и да облечее фустан кој одамна не сте го носеле. Некогаш е најубаво со вино да ја дочекате зората, Денот на вљубените е вистинскиот ден за тоа!
Сѐ нека биде во боите на љубовта!
По правило, на себе морате да имате некој црвен детал. Во 2020 ќе провладува светло сината боја кога модата е во прашање, но вие секогаш можете да ја изберете онаа која најмногу ја сакате и во која најдобро се чувствувате. Ни со црната, ни со белата, ни со црвената нема да погрешите.
Сакајте се и убаво поминете го Денот на заљубените!
Текстот Стајлинг за Денот на вљубените – модни предлози и совети е превземен од Reporter.mk.