22-годишната Бразилка Даниел Брин решила да ја продаде својата невиност за милион долари за да ги исплати сите студентски долгови. На овој чекор се одлучила откако прочитала на интернет дека постојат мажи кои се спремни да платат за нечија невиност, пренесуваат бразилските медиуми. Таа рекла дека е срамежлива и никогаш не била на состанок со маж.
Даниел сака да ги подмири долговите кои растат, да купи куќа во која би живеела со мајката и сестрата и да го исплати студентскиот кредит.
„Се надевам дека тој маж ќе биде љубезна и пристојна личност, џентлмен“, изјавила Даниел и признала дека е нервозна поради губењето на невиноста, ама дека тоа е единствениот начин за неа и нејзиното семејство. Девојката покренала и сајт на кој постави свои фотографии со заматено лице, бидејќи сака да го заштити семејството.
„Студирам и работам со скратено работно време. Она што го заработувам не е доволно да ги покријам трошоците, животот во мојата земја е скап, а долговите растат. Во иднина сакам да почнам сопствен бизнис и да бидам обезбедена“, додала Даниел.
Откако го покренала сајтот во јуни, досега примила две сериозни понуди. Најголемата понуда во моментот изнесува 220 000 долари. Иако бара еден милион, се надева да добие барем 750 000 долари. Но на денот на состанокот со себе ќе води телохранител.
„Безбедноста ми е важна и сè ќе направам за така и да се чувствувам“, рекла таа.
Текстот Студентка ја продава невиноста е превземен од Reporter.mk.