На натпревар од шестото коло во втората кадетска лига во Србија, меѓу „Млади борац“ и „Рудар“, главниот судија Предраг Которчевиќ му доделил црвен картон на својот помошник Даниел Милутиновиќ. Тој му покажал црвен картон во 72. минута, па по кратка расправа Милутиновиќ го напуштил теренот. Во знак на солидарност, и вториот помошник судија си заминал од теренот, па главниот судија до крајот сам го судел мечот.
Судиската тројка поради инцидентот добила казна од општинскиот фудбалски сојуз во траење од четири месеци.
Текстот Судија му покажа црвен картон на својот помошник е превземен од Reporter.mk.