Судија од Црна Гора се сликал провокативно за на Фејсбук, па ги изнервирал колегите

Судијата од Црна Гора на социјалните мрежи на својот профил објавувал провокативни фотографии кои, наводно, го нарушуваат угледот на судиите, што било спротивно на етичкиот кодекс.

Тој на својот профил редовно објавувал провокативни фотографии со базен, фитнес. Покрај голотијата, на судијата му замерија и за скапата облека, пијалаците и навиките што оддаваат луксуз.

Комисијата на Судскиот совет на Црна Гора по речиси еден и пол месец сè уште нема утврдено дали судијата на Основниот суд во Котор Вељко Булатовиќ го прекршил етичкиот кодекс со објавување провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Постапката беше поведена по предлог на претседателката на Врховниот суд, Весна Меденица, која добила поплаки во врска со претставувањето на Булатовиќ на мрежите.

Кабинетот на претседателот на Основниот суд во Котор, Бранко Вучковиќ, објасни дека постапката почнала на 2 ноември.

Текстот Судија од Црна Гора се сликал провокативно за на Фејсбук, па ги изнервирал колегите е превземен од Reporter.mk.