Унгарската телевизиската снимателка која со нога ги удираше мигрантите кои во 2015 година бегале од полицијата, во вторникот беше ослободена од сите обвинувања.
Петра Ласло претходно на првостепен и второстепен суд е осудена на условна тригодишна казна затвор затоа што во 2015 година, во екот на мигрантската криза, удираше мигрант со дете.
Снимката предизвика бран на осуда во време кога Унгарија и онака беше под удар на критика за својата политика кон мигрантите.
Судот утврдил дека на снимателката единствено може да ѝ биде судено поради нарушување на јавниот ред и мир, но истиот е застарен поради тоа што инцидентот се случил пред три години.
Снимателката по инцидентот заработи отказ од медиумот каде работела.
Текстот Судот ги отфрли обвинувањата против снимателката која шутираше мигранти е превземен од Reporter.mk.