Суматранскиот носорог се најде на листата на загрозени видови и е пред целосно истребување. Овој тип на носорог претставува богатство за ловците кои водат беспоштедна битка за да дојдат до нивните рогови.
Министерот за животна средина на Малезија вели дека овој вид на животно, кое претставува најмалиот носорог во светот, е речиси пред целосно истребување од шумите во Борнео пренесува lifegate.com.
Станува збор за срамежливо и осамено суштество кое ги има населено шумите на третиот по големина остров на светот кој се наоѓа во средиштето на Малајскиот Архипелаг.
Административно е поделен меѓу Индонезија, Малезија и Брунеј.
Во 2008 година биле забележани 50 носорози кои живееле во малезиската држава Сабах, а пет години подоцна, останале само десет единки. Денес овој вид е под целосна закана дека ќе изумре велат тамошните власти.
Исчезнување е поврзано со два фактори. Ловењето на носорозите поради нивните рогови, кои спротивно на верувањата на многу луѓе немаат никакви медицински својства.
Втората причина е губењето на нивните живеалиштата поради уништувањето на шумите од страна на човекот.
Уништувањето главно се врши за да се изградат плантажи за нафта и човечки населби. Во моментов има регистрирано само три преживеани носорози во Сабах.
Две женки и еден мажјак. Нивните имиња се Иман, Пунтунг и Там. Животните се чуваат во природни услови, но сепак се оградени со цел да се заштитат од ловокрадците.
Извршниот директор на асоцијацијата за носорози, Џон Пејн, човек кој е задолжен за грижата на нивното здравје, вели дека животните имаат проблем со репродукцијата.
Исто така вели дека постои надеж преку ин витро оплодување да се спаси видот од целосно исчезнување.
„Сеуште постои надеж да се спасат овие цицачи кои на Земјата датираат уште од пред 20 милиони години. Мораме да овозможиме да продолжат да патуваат низ шумите на нашата планета“, вели Пејн.
Носорозите од Суматран потекнуваат од епохата на плеистоценот. Тие во тој период живееле слободно во шумите во Индија, Бангладеш, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Малезија, Индонезија и Кина.
Биле слободни се до 1930 година, кога луѓето почнале да ги ловат поради нивните рогови. Ловокрадците тргувале со кинескиот народ во размена на предмети од порцелан.
Постепено, носорозите почнале да се кријат во густата шума. Луѓето уништувајќи ги овие области им дозволиле на ловокрадците полесно да стигнат до нив.
Ова е втор вид на носорог кој е на работ на изумирање. Претходно северниот бел носорог исто така се најде во иста ситуација, откако почина и последниот мажјак од овој вид.
„Носорогот Судан почина на 45 години и беше последниот мажјак од овој вид“, изјави претходно Ричард Вигне, извршен директор на конзерваторијата „Ол Пејета“ во Кенија.
Текстот Суматранскиот носорог е пред целосно истребување е превземен од Reporter.mk.