Новата 2020 година веќе ја дочекаа жителите на Јапонија, Кина и Северна Кореја.
Во Јапонија, граѓаните си посакаа просперитетна година, додека, во согласност со традицијата, биеја ѕвоната во будистичките храмови.
Во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, доаѓањето на новата година беше поздравено со голем огномет, објави „Ројтерс“.
Во Кина луѓето излегоа на улиците со многу радост и веселба, а во Пекинг беше одржан раскошен музички концерт, со многу актери и танчери облечени во традиционални шарени костуми.
Во Австралија 2020 беше дочекана со традиционален, спектакуларен огномет на сиднејското пристаниште и покрај пожарите кои беснеат и принудија илјадници луѓе засолниште да побараат на локалните плажи, а многу градови ги откажаа прославите.
Повеќе од милион луѓе се собраа на пристаништето во Сиднеј и околните места за да уживаат во блескавото вечерно небо, кое трепереше во различни бои над познатата зграда на сиднејската опера.
Нов Зеланд е една од првите земји во кои пристигна новата 2020 година, а и таму беше пречекана со заслепувачки огномет од „Скај тауер“, во Ауклeнд.
Властите во Хонгконг се откажаа од традиционалниот новогодишен огномет во пристаништето Викторија, плашејќи се од нереди поради најавените протести.
Новата година најпрво пристигна на островот Самоа и Kирибати во Тихиот океан.
Текстот Светот ја поздравува новата 2020 е превземен од Reporter.mk.