Вечерва, во 21 часот,започнува најпознатиот фестивал на електронската музика во земјата, „Грин бич“. Ова е 10-јубилејно издание, а журките ќе бидат кај хотелот „Еуротел“ во Струга. По девет незаборавни изданија покрај Охридското Езеро, „Грин бич“ како синоним за најквалитетно електронско доживување кај нас ја продолжува и традицијата на претставување на врвните уметници од светската сцена . Фестивалт ќе го отвори популарниот Пол Калкбренер, а ќе поче во 1.45 часот. Врвниот уметник, кој важи за институција на светската техносцена, гостува прв пат во Македонија, и тоа во рамките на неговата актуелна светска турнеја Parts Of Life, која веќе брои повеќе од 60 настапи во светот.
Текстот Светската легенда Пол Калкбренер вечерва го отвара „Грин бич фестивал“ е превземен од Reporter.mk.