Кога пред две години беше објавена приказната за граничниот полицаец Боби Додевски од Куманово и мигрантката Нора од Ирак речиси сите веруваа дека нивната љубовна приказна е како од романите. За нив пишуваше целиот регион. Новинарски текстови, интервјуа за љубовта што се случила во транзит центарот во Табановце, за тоа дека Нора од муслиманка стана православна, иако родителите не го одобруваа тоа. Приказна за која долго се зборуваше.
Сепак, на љубовта ѝ дојде крајот. Парот се раздели, а пред само една година им се роди син. Нора заминала за Ирак, Боби е тука, во Куманово.
„Со Нора не сме заедно веќе една година. Таа се врати во Ирак. Јас сум тука . Толку ќе кажам. Ние ги знаеме причините и остануваат такви кави што се “, рекол Боби.
Пред заминувањето, Нора изјави за јавноста дека причината поради која се враќа во Ирак е што состојбата таму сега е побезбедна и сакал да им помага на бегалците во нејзината земја.
За потсетување, Нора го напуштила Ирак со семејството бидејќи ИСИС го зел нејзиниот татко и морале да платат многу пари за да биде ослободен. Исплашени од состојбата во својата земја, тргнале за Германија. Но, во транзитниот центар во Табановце го запознала Боби, во кого за кратко време се вљубила. Набргу потоа тие направија свадба, а Нора стана православна.
Текстот Тажен крај на љубовта меѓу мигрантката Нора од Ирак и Боби од Куманово е превземен од Reporter.mk.