Театар Комедија во Радовиш со претставата „Дони Дарк“

Театар Комедија во понеделник на 8 април ќе гостува во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш со претставата „Дони Дарк“. Ова е најнаградувана претстава на Театар Комедија за 2018 година. Режисер на претставата е Роберт Ристов, а во неа играат Мирјана Ристов, Даријан Петров, Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски. Претставата почнува во 20 часот.

„Дони Дарк“ е романтична комедија која раскажува за процесот на осамостојување на едно младо слепо момче и неговата социјална интеграција во општеството, а ги прикажува различните емотивни фази и состојби низ кои поминуваат овие лица и нивните семејства.

Театар Комедија реализираше и неколку проекти за подобрување на условите за пристап и непречено следење на претставите од страна на лицата со хендикеп и на тој се вброи меѓу театарските куќи кои ги отвораат вратите за сите категории на граѓани.

Текстот Театар Комедија во Радовиш со претставата „Дони Дарк“ е превземен од Reporter.mk.