Истражувачите откриле докази за постоењето на течна вода на Марс. Подрачјето на кое се наоѓа водата потсетува на езеро и се наоѓа под површината.
Површината на Марс не е погодна за живот. Научниците сега препоставуваат дека животот се наоѓа под површината.
Течната вода на Марс се простира на подрачје со должина од 20 километри. До ова откритие истражувачите стигнале користејќи го радарот Марсис.
Претходно веќе има откриените назнаки дека на Црвената планта постои вода, но ова е прва потврда дека на Марс постои течна вода, пренесува Би-Би-Си.
Радарот не бил во состојба да утврди колку е длабок слојот на водата. Истражувачкиот тим проценува дека е длабок најмалку еден метар.
„Веројатно не станува збор за големо езеро“, изјавил професорот Роберто Оросеи од италијанскиот Национален институт за астрофизика.
Текстот Течна вода откриена под површината на Марс е превземен од Reporter.mk.