Во стресни ситуации лесно може да ве обземе паника. Тоа неконтролирано чувство на страв го следат и разни физички симптоми како брзо чукање на срцето, недостаток на воздух, вртоглавици, мачнини како и многу други. Паниката најбрзо и најлесно ќе ја смирите со дишење.
Физичките симптоми често се резултат на фактот дека поради стравот забораваме да земеме воздух кои подоцна се собира во горниот дел на дишниот систем и му смета нормалното дишење.
Постои едноставна техника која може да ви помогне да го регулирате дишењето, да го вратите во нормала и да се смирите во стресна ситуација.
- Во себе бројте до пет со лесно темпо и притоа длабокото земете воздух.
- Кога ќе избројте до пет, задржете го воздухот и во себе бројте до четири.
- Потоа полека низ нос испуштајте го воздухот и во себе бројте до пет.
Оваа техника се користи за смирување при паничен напад и анксиозност, но ќе ви помогне во сите ситуации во кои чувствувате голема напнатост и стрес.
Текстот Техника на дишење што бргу ќе ве смири во стресни ситуации е превземен од Reporter.mk.