Маж од Њујорк е уапсен и обвинет дека планирал да изведе самоубиствен бомбашки напад на плоштадот пред зградата на американскиот Конгред, на денот на парламентарните избори кои треба да се одржат идниот месец.
Службите велат дека ваквиот напад, уапсениот сакал да го изведе поради радикални политички уверувања.
Истратата утврдила дека мотивот на овој неуспешен терорист бил за да го привлече вниманието на неговото необично политичко убедување, дека политичарите трба да се бираат преку коцкање, односно да се примени древниот политички процес кој се одвивал во време на античка Грција.
Пол Розенфелд (56) од Тапан им признал на сојузните служби дека планирал да ја детонира бомбата на 6 ноември. Полицијата ваквата информација ја добила од неименуван извор од Пенсилванија, кој ја видел текстуалната порака и белешка на Рознфелд, во која тој ги открил своите планови.
Росенфелд пред службите го признал својот убиствен план, а истражителите утврдиле дека преку интернет успеал да нарача голема количина на барут. Во својот дом тој изработил помали експлозивни направи и ја тестирал детонацијата. Службите велат дека работел сам.
Агенти на ФБИ кај него откриле и функционални експлозивни направи со фитиљ.
Текстот Терорист бомбаш сакал да ја разнесе зградата на Американскиот конгрес е превземен од Reporter.mk.