Перцепцијата на секоја личност е нераскинливо поврзана со нејзиниот карактер. Тоа што го приметуваме на прв поглед, многу говори за нашите навики, желби, па дури и за скриените стравови.
Репортер ве нуди еден тест за да дознаете од што најмногу се плашите длабоко во вашата душа. Како инпсирација за неговото настанување, ни помогнаа овие неколку асоцијации, кои сѐ уште не се доволно проучени.
Едноставно погледнете ја оваа слика:
Што најмногу Ви привлече внимание? Бидејќи баш тоа ќе Ви открие што навистина Ве мачи.
1. Јаболко
Во многу древни традиции, подарувањето јаболко значи изјавување на љубов. Причината за тоа е што во многу култури, црвеното јаболко претставува симбол за љубов и страст.
Ако сте обрнале внимание на овој симбол, тогаш веројатно доживувате некое длабоко романтично искуство и се плашите дека Вашите чувства нема да бидат возвратени. Можеби е време да го отворите срцето кон саканата личност и да ја дознаете вистината, без разлика каква и да е таа.
2. Дете
Детето е одлика на едноставност, искреност и невиност. Кога сте го виделе детето во центарот на илустрацијата, сте ја поврзале неговата слика со своето „внатрешно дете“.
Можеби во Вас останале детските стравови, кои се јавуваат и денес после толку многу години. Тоа може да биде некаква лутина кон некој член од Вашето семејство, заостанато чувство на несигурност или недостаток на доверба во сопствената способност. Во секој случај, време е да размислите како да се решите од тие стравови.
3. Кловнови
Фактот дека сте приметиле два кловна, кои се наоѓаат од двете страни на вратата, говори за двојноста на Вашиот карактер, односно ја претставува променливоста на Вашето расположение и внатрешните судири.
Таквата непредвидливост често станува пречка – односно понекогаш ни самите не знаете како ќе изреагирате на одредени случувања. Очигледно е дека таа несигурност Ве плаши.
4. Пајак
Илјадници години наназад, пајакот важи како симбол за смрт и уништување, крај на сето она што постои. Доколку баш тој го привлече Вашето внимание, тогаш веројатно се наоѓате во многу тешка животна ситуација.
Над Вас се наоѓа некоја закана, поради која се наоѓате во ситуација на нервна напнатост и се плашите дека нема да успеете да го решите тој проблем.
5. Череп
Илустрацијата содржи оптичка илузија и ако веднаш го приметивте черепот, тогаш тоа многу говори. Односно, значи дека Вие се плашите од смртта и често мислите на неа. Можно е таа вознемиреност да е предизвикана од губењето на некоја блиска особа.
Можеби дури имате и панични напади. Секако, не мора по секоја цена Вашите искуства да се поврзани со смртта, но нивниот извор очигледно го доживувате како закана дека ќе доживеете неуспех.
Текстот Tест кој ќе ви го открие вашиот најголем страв е превземен од Reporter.mk.