Тигрица која индиските власти ја убиле во таа земја, била намамена со парфем за мажи од Келвин Клајн. Тигрицата во последните две години во Индија убила 13 лица, а официјалните лица соопштиле дека била убиена за време на лов.
Ловот на тигрицата во западната дражва Махараштра траел околу две години, а ловците користеле машки парфем за да ја намамат.
Би-Би-Си пренесува дека во Америка претходно истиот тој парфем го користеле за да ги намамат јагуарите, а на основа на ова откритие, индиските власти се послужиле со истата техника.
Се верува дека овој парфем предизвикува чувство на обележување на територијата кај животните. Тигрицата била убиена во областа во близина на селото Борати. Откако мештаните ја приметиле, тим вооружен со пиштоли за успивање почнал со потрагата.
Животното е погодено со куршум за успивање, а откако нападнало едно од возилата, членовите на тимот ја убиле од растојание од 10 метри.
Во последните две години, тигрицата убила 10 лица, а повеќе од 5000 жители во областа живееле во страв од неа. Им било советувано да се движат во групи додека се враќаат во своите домови и да избегнуваат престој на отворени полиња.
Последните жртви на тигрицата и нејзините две младенчиња, биле три лица кои биле убиени во округот Јаватмал.
Текстот Тигрица во Индија убиена откако претходно ја намамамиле со парфем од Келвин Клајн е превземен од Reporter.mk.