Дванаесетгодишниот Сет Чарлс од Шефилд, во периодот додека е во изолација за 24 часа успеал непрекинато да се качува и симнува по скалите од куќата, 2507 пати.
Тој вели дека успеал да искачи висина која е еквивалентна на онаа која се поминува за да се стигне до највисокиот планински врв во светот Монт Еверест. Тој вели дека предизвикот си го поставил откако морал да го откаже планираното искачување на највисоката планина во Англија, Скафел Пике.
„Кога заврши ми олесна. Бев уморен и сакав само да си легнам во кревет. Нозете многу ме болеа“, рече Сет.
Неговата мајка Рејчел вели дека Сет почнал да се качува и симнува по скалите во 05:30 часот наутро, а завршил следниот ден во 04:54 часот.
„Едноставно не можев да верувам дека направи вакво нешто. Јас се уморив само што гледав и му помагав да брои. Но, тој на крајот успеа да го стори тоа“, изјавила Рејчел.
Сет кој тренира бокс правел паузаи само за јадење, а поддршка му била неговата помлада сестра, која ја водела табелата за него.
„На почетокот мислевме дека ќе му требаат 10 часа, но сфативме дека ќе му биде потребно повеќе време. Навистина добро го истренирале во боксерскиот центар. Знам дека тие тренираат искачување на скали, но никогаш не тренирале вакво нешто“, изјавила Рејчел.
Мајката за ББЦ изјави дека Сет се искачил нагоре и надолу по скалите во висина од 3,53 метри во неговата куќа и до крајот на предизвикот, направил вкупно 85.238 чекори. Монт Еверест се наоѓа на 8.848м надморска височина.
Текстот Тинејџер додека бил во карантин 2507 пати ги поминал скалите по дома е превземен од Reporter.mk.