Џером Кункел, тинејџерот што ја тужеше државата Кентаки откако им забрани на сите невакцинирани ученици да одат на училиште, доби овчи сипаници, пренесуваат американските медиуми. За неговата „антиваскер“ тужба пишуваа сите медиуми – Џером одби да ја прими вакцината и се повика на сопствените „религиозни убедувања“.
И неговиот татко застана во одбрана на Џерод, а за WLWT објасни дека неговиот син не сака да биде вакциниран бидејќи верува дека вакцината се произведува од „абортирани фетуси“.
Адвокатот на тинејџерот рекол дека Кункел се излечил од овчите сипаници и се вратил на училиште бидејќи сега е имун.
Текстот Тинејџерот што ја тужеше државата зашто не сакаше да се вакцинира, доби овчи сипаници е превземен од Reporter.mk.