Секоја година на 24 декември, стотици луѓе од целиот свет се собираат пред капелата во австриското село Оберндорф, 20 километри северно од Салцбург и заедно ја пеат најпознатата божиќна песна, „Тивка ноќ“.
Песната за првпат била изведена на 24 декември пред точно 200 години и оттогаш е препеана на повеќе од 300 јазици и дијалекти. Голем број музичари од најразлични жанрови ја имаат снимено песната, од Елвис Присли преку Нет Кинг Кол до Мараја Кери, а верзијата на Бинг Крозби е третиот најпродаван сингл на сите времиња.
Големиот јубилеј се одбележува во Оберндорф и во локалните села, а изложбите во мали музеи ги истражуваат потеклото на песната и животите на двајцата луѓе кои је создале: свештеникот Јозеф Мор и органистот и учител Франц Ксавиер Грубер.
Во пресрет на Бадник во 1818 година, Мор го замолил својот пријател Грубер да компонира мелодија за поемата што тој ја напишал две години порано. Задоволен со резултатот, Мор уште истата вечер ја вклучил песната во кратката церемонија по божиќната миса.
Во изминатите два века, „Тивка ноќ“ стана глобален културен феномен, а УНЕСКО во 2011 година ја вклучи во листата на светско културно наследство
Текстот „Тивка ноќ“ прослави 200 години, препеана е на над 300 јазици е превземен од Reporter.mk.