Тоблероне го враќа стариот облик и грамажа

Тоблероне се враќа на својот традиционален облик, откако одлуката да се зголеми јазот меѓу триаголниците и подигнатата цена предизвика без кај обожавателите на овој вкусен производ. Чоколадата во 2016 година, со почетните 170 грама е намалена на 150 грама.

На потрошувачите не им се допаднал новиот облик на чоколадото, кој го споредувале со држач каде се заклучуваат велосипедите.

Компанијата Моделез исто така одлучила да го врати стариот облик и да додаде 3% чоколадо повеќе. Но, велат во тој случај и цената би била повисока, пишува Гардијан.

Извор близок до компанијата, открива дека препорачаната цена на новата чоколада би изнесувала околу 3,09 фунти, но супермаркетите на акции би можеле да ја продаваат за две или 2,5 фунти. Како што вели изворот, тоа би предизвикало ценовен удар за потрошувачите.

Во времето на промена на обликот на чоколадата во 2016 година, претседателот Моделеза Глен Катон изјавил дека веќе размислува за краткорочно решение, поради тоа што стариот облик стана препознатлив.

„Ние редовно ја разгледуваме својата понуда за да бидеме сигурни дека ја нудиме најквалитетната швајцарска чоколада во формат која нашите купци ја сакаат. Тоблероне од 150 грама повеќе не се произведува и неговата достапност сега зависи од залихите кои продавниците ги имаат. Чоколадите од 100 и 260 грама и понатаму ќе бидат достапни“, изјавил Моделеза.

Во Хрватска, ваквото чоколадо никогаш не се продавало со новиот облик, затоа што чоколадата од 170 односно подоцна од 150 грама и никогаш не стигнала на рафтовите во продавниците.

 

Текстот Тоблероне го враќа стариот облик и грамажа е превземен од Reporter.mk.