Времето на празници е пред нас, што исто така носи многу проблеми…
Какви подароци да одберете за саканите? Како да ги забавувате децата во текот на празниците? Што да облечете за празничните/новогодишни забави? Па, можеме да ви помогнеме со ова последново.
Многу жени се во потрага по новогодишни комбинации и на Пинтерест побарувачката на новогодишни стајлинзи зголемена за 1440%. Пинтерест дефинитивно може да ви помогне при осмислувањето на некои свежи идеи. Запознајте ги петте најдобри празнични стајлинзи кои жените ги бараат на Пинтерест.
Краток црн фустан со сјај
Искрите и празниците одат рака под рака, па не е чудно што потрагата на Пинетерст порасна за 274%. Затоа облечете краток, блескав црн фустан.
Лелеави ракави
Вториот најбаран стил за празничните забави е одважен и упадлив и нè враќа во старите времиња, поточно во осумдесеттите. Лелеавите ракави се вратија и подобри се отколку што се сеќавате.
Свилен фустан
Мал е изборот на облека која е поудобна за носење од лесниот свилен фустан. Сепак, не е секогаш лесно да сфатите како да создадете стајлинг за јавноста така што фустанот нема да изгледа како ноќница. Затоа не е ни чудо што луѓето бараат идеи како да носат свилен фустан погоден за празничните забави.
Краток фустан од кадифе
Го сакаме кадифето затоа што е истовремено удобно и елегантно. Но, понекогаш многу кадифе може да потсеќа на „бабина прекривка за кауч“, така што без сомнеж најсигурен избор е краткиот кадифен фустан.
Црно-бел стајлинг
Црното и белото секогаш биле вечна класика и неизмерно елегантна комбинација на бои. Веројатно дома имате прилично голем број модни парчиња кои можете да ги комбинирате и да создадете изглед кои е 100% ваш.
Текстот Топ 5 празнични стајлинзи според Пинтерест е превземен од Reporter.mk.