Топ пет стајлинзи за топлите есенски денови

Почетокот на есента е најдоброто време за проучување на модните трендови и создавање простор во орманот за парчиња од новите колекции.

За вас создадовме пет стајлинзи кои ќе ви помогнат во поставувањето приоритети.

Конечно, можете официјално да извршите ревизија на гардеробата и да погледнете кон погрубите чизми и капути. Но свилените здолништа и маички и панталоните од бел тексас засега не вреди да се отпишуваат – во топлите есенски денови тие ќе ви бидат и понатаму корисни. За оние кои се спремни да влезат во есента со позитивно расположение, направивме пет добитни предлози кои можат да соберат стотици лајкови на Инстаграм.

Стајлинг бр. 1

Главната хероина на летото – сатенското здолниште – го продолжува својот самоуверен марш во новата сезона. Со еден додаток – ако во јуни сте ја носеле со минималистички сандали, сега е време да ги промените сандалите и да изберете чизми со масивен ѓон и да го надополните изгледот со омилената јакна од тексас.

Стајлинг бр. 2

Есента повикува на минимализам и концизност. Во текот на сончевите денови да прошетате по булеварите со бели фармерки, едноставна маичка и патики. А за да не се смрзнете вечерта, изгледот надополнете го со винтиџ јакна.

Стајлиг бр. 3

Ви препорачуваме да одберете кошула позајмена од машкиот гардеробер – овие есенски модни активисти се одлучија за кожена јакна. Испробајте ја со елегантни чизми и вашиот омилен пар фармерки.

Стајлинг бр. 4

Елеците во моторџиски стил некако одеднаш се најдоа во гардеробата на модерните блогери. Па, затоа ви предлагаме да го следите примерот на модната новинарка и да го надополните стајлингот со широки панталони и бела маичка. Наоружајте се со темни очила за сонце.

Стајлинг бр. 5

Есента не може да помине без стајлингот на вечниот студент? Иако веќе одамна сте дипломирале на универзитетот, тоа не ве спречува да носите окфорд чевли. Оваа сезона ви препорачуваме да ги испробате со бели панталони, основна црна маичка и волнена јакна.

Текстот Топ пет стајлинзи за топлите есенски денови е превземен од Reporter.mk.