Традиционални велигденски бои кои имаат важно значење

Велигден е обоен со ведри бои… освен црвената, тука се и розовата, виолетовата, жолтата и зелената боја! Но, постои и причина за тоа.

Нема сомнеж дека Велигден е поврзан со една од најубавите сезони: пастелните бои се прелеваат на рачно обоените јајца, сите се облечени како најдобро би се сложиле со велигденската недела, а сè во позадина е пролет, каде тревата е сочна и зелена, а цвеќето полно со цветови.

Розовите фустани од тул, пастелно виолетовите вратоврски, жолтите јајца и зелената трева – сè така совршено се комбинира. Но дали сте знаеле дека постои подлабоко значење кај некои од овие велигденски бои? Не е само случајно дека сè за Велигден изгледа виолетово, розово, бело и зелено насекаде во оваа доба од годината. Голем дел од симболиката има врска со литургиските бои. Боите на мантијата имаат значење во текот на целата година, но во текот на постот и Велигденот, многу од тие бои се користат во облеката треба да ги преставуваат различните аспекти на Исусовиот живот, смртта и воскресението (и, секако, цвеќето има си своја, не религиозна симболика).

Бела

Белата е симбол на чистота и невиност, а исто така и боја на лилјанот кој има верско значење. На пример, кажано е дека белите велигденски лилјани растеле во Гетсиманската градина после Христовото распнување. А во уметноста, белите лилјани често се поврзуваат со Девица Марија како симбол за нејзината чистота.

Розова

Велигденските бои – розова! Што се однесува до литургиските бои, розовата – што значи радост – се носи само два пати: третата недела од доаѓањето и четвртата недела од постот. А вон црквата, праќањето некому розова роза исто така е среќна порака, која симболизира среќа, радост, милост и нежност.

Жолта и златна

Додека пролетта се разлева, жолтата и златната го претствуваат враќањето на сонцето. Меѓутоа, кога станува збор за цвеќето, жолтото цвеќе е симбол на пријателството. А во религиозен контекст, златото претставува радост, победа, како и триумф на воскресението над смртта.

Црвена

Иако црвената боја не се користи многу за украсување во текот на Велигден, таа сепак има огромно значење за празникот: црвената е симбол на Христовата крв и неговата жртва за човештвото.

Виолетова

Виолетовата е боја на покорот, понизноста и меланхолијата. Би требало да служи како потсетник за Исусовото страдание.

Зелена

Зелената е симбол на вечниот живот, заедно со повторното раѓање и обновување. Тоа е боја најприкладна за пролет, кога сè започнува да цвета.

Текстот Традиционални велигденски бои кои имаат важно значење е превземен од Reporter.mk.