Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе ја испрати неговата ќерка Иванка Трамп да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот мексикански претседател Мануел Лопес Обрадор. Инугарацијата ќе се одржи во сабота.
Трамп за време на посетата во Мисисипи, пред новинарите изјавил дека присуството на неговата ќерка, го најавил уште во октомври.
Министерството за надворешни работи на Мексико упатил синоќа дипломатска нота до американската влада во која бара целосна истрага за она што го нарекуваат употреба на несмртоносно оружје кој мекисканската територија.
Откако дел од мигрантите се обиделе да влезат во САД, американските власти во неделата биле принудени да пуштат солзавец на мигрантите во Мексико во близина на граничниот премин кој го раздвојуваат мексиканскиот град Тихуанa од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија.
Текстот Трамп ќе ја испрати Иванка на инаугурацијата на мексиканскиот претседател е превземен од Reporter.mk.