Трамп ќе оглуви, атентат врз Путин-Предвидувањата на Баба Ванѓа за 2019

Слепата предвидувачка, која го предвиде Брегзит, нападот на Кулите близначки и формирањето на Исламска држава, има предвидено и неколку настани кои би требало да се случат во 2019 година.

Баба Ванѓа ја нарекуваат и “Нострадамус од Балканот” поради нејзините предвидувања кои одекнуваат со морничава правилност, пишува “Мирор”.

Теоретичарите на заговори долго и длабоко ги почитуваат нејзините пророштва за глобалните случувања и природните катастрофи, и покрај тоа што баба Ванѓа е почината пред превеќе две децении.

Експертите пак пресметале дека 68 отсто од нејзините пророштва се исполниле, што е далеку помалку од 85 отсто како што тврдат нејзините обожаватели.

Што предвидела баба Ванѓа за 2019 година?

Изгледа дека предвидела и некои круцијални околности за следниве дванаесет месеци, вклучително економски колапс на Европа и обид за атентат на Владимир Путин.

Таа верувала дека заканата за Путин ќе дојде од неговиот личен безбедносен тим, но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре.

Предвидела дека огромно цунами, слично на она од 2004 година ќе ја погоди Азија, а дека метеор ќе падне во Русија.

Исто така, видела дека Доналд Трамп ќе заболи од некоја мистериозна болест од која ќе оглуви, а ќе страда и од мозочни пореметувања.

 

За потсетување:

Путин веќе има преживеано барем еден голем обид за убиство, спроти претседателските избори во 2012 година. Сега рускиот претседател е опкружен со добро обучена снајперска единица чијашто единствена задача е да го одржи жив.

Повеќе американски дипломат во Куба заболеа од мистериозна болест која се одрази на нивниот слух и им предизвика вртоглавици.

По Брегзитот, кој баба Ваѓа веќе го има предвидено, не е исклучено во Европа да се случи ако не економски колапс тогаш барем економска криза.

Текстот Трамп ќе оглуви, атентат врз Путин-Предвидувањата на Баба Ванѓа за 2019 е превземен од Reporter.mk.