Претседателот Донад Трамп се реши на цврста обврска да ја легализира медицинската марихуана во сите 50 држави, истовремено оставајќи го прашањето на слободен избор за легализација на рекреациската марихуана во секоја држава, известил републикански застапник.
Адвокатката Дана Рохрбахер вели дека управата на Трамп направила солидна преданост во борбата против реформите за канабисот, со само едно ветување во предизборната кампања.
„Разговарав со луѓето внатре во Белата куќа кои знаат нешто за тоа. Долго разговарав со нив. Убедена сум дека претседателот има намера да го одржи ветувањето кое го даде во кампања“, дополни таа.
Рохрабахер вели дека претседателот говорел во прилог на легализацијата на медицинската марихуана на сојузно ниво, оставајќи го прашањето за легализација на рекреативната марихуана на слободен избор на секоја од државите посебно.
„Очекував дека по изборот ќе седне и ќе почне да спроведува нешто специфично и реално“, изјавила републиканската законодавка за Fox Business.
Претседателот Трамп изјави дека спроведувањето на забраната на марихуаната е шега и дека марихуаната мора да биде легализирана за да се намалат добивките од фармацевските компании.
Според Трамп, даночните приходи од легализирање на трговијата со марихуанаможе да се користат за образование на јавноста и за опасностите од тешките дроги.
Се чини дека предизборното ветување на Трамп да го издигне и врати американското производството назад во САД важи и за производството на марихуана.
Тој не сака странските произведувачи на марихуана да се богатат и да вработуваат илјадници странски кадри, кога тоа би требало да го прават американските произведуваи кои создаваат добивка и осигурвање на вработување на нови Американци. Рекреациската марихуана минатата година беше легализирана во Калифорнија, но реформите на сојузно ниво за цела Америка се закочени со децении. Сепак, според републиканката Рохрбахер, наскоро и тоа ќе се промени.
„Тоа би можело да се случи веќе во пролетта 2019 година, но секако на следното законодавно заседание“, изјави таа.
Вистинското прашање е дали резултатите од среднорочниот избор ќе играат улога во одредувањето, дали претседателот Трамп ќе ги исполни мнозинскиот број на ветувања кои ги вети пред американскиот народ за време на изборите во 2016 година. Тоа допрва треба да се утврди.
Но, ако се за верување говорите на Трамп, тогаш јасно е дека американскиот претседател ќе биде најголемиот претседателски заговорник за легализација на марихуаната во историјата на оваа земја.
Текстот Трамп подготвува закон за легализација на медицинската марихуана во сите американски држави е превземен од Reporter.mk.