Претседателот на САД Доналд Трамп ја бранеше својата изјава за нуклеарната дипломатија која ја водеше со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пред новинарите, откривајќи дека Барак Обама бил многу блиску да тргне во војна со Пјонгјанг.
„Да не бев избран за претседател, ќе избиеше војна“, изјавил Трамп.
Trump: Obama almost launched war with North Korea https://t.co/DBsxHSorSo
— The Washington Times (@WashTimes) September 26, 2018
Американскиот претседател изјавил дека ништо лично не му дал на Ким освен времето кое го потрошил за време на нивната средба на јунскиот самит во Сингапур. Вели дека бил на чекор до денуклеаризација на Северина Кореја.
Трамп пред новинарите им порачал дека верува дека Ким се согласил на повлекување на нуклеарната програма, но дека не сакал да поставува временски рокови.
Текстот Трамп тврди дека го спасил светот од нуклеарна војна е превземен од Reporter.mk.