Стилистите откриваат дека оваа есен тренди ќе бидат „топлите“ бои за коса. Ако сакате да направите промена со вашата коса, тогаш инспирирајте се од најпопуларните есенски трендови.
Лешник и цимет
Ако сакате класичен изглед, тогаш решете се за светло костенлива коса дополнета со тонови во боја на лешник или цимет. Оваа нијанса одговара на секој тип кожа, така што нема да погрешите со овој избор.
Руса коса со црвен тон
Бојата позната како јагода-руса е актуелна веќе неколку сезони. Станува збор за руса коса, која има црвенкаста нијанса и е идеална за девојките со светол тен.
Бакарни нијанси
Бакарно-црвената коса е впечатлива и им одговара најмногу на девојките со зелени или со сини очи.
Текстот Тренди бои за коса за оваа есен е превземен од Reporter.mk.