Една од водечките италијански експерти во медицината, Матилда Леонарди, открива дека третманот со матичните клетки врз легендарниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, е измама и дека на тој начин само се дава лажна надеж на семејство на Германецот.
„Не постои експериментална терапија на матични клетки, која би имала позитивен ефект на пациентите во состојба на минимална свесност, како што е случајот со Михаел Шумахер“, изјавила Леонарди, директорка на истражувачкиот центар на Неуролошкиот институт Бест во Милано и членка на италијанското друштво неуролози.
„Информацијата која стигна во јавноста за поранешниот возач само дава лажна надеж кај семејството на пациентот. Нема историски податоци кои потврдуваат постоење и дејства за таквиот наводен третман. Нема траги од протокол или сличен експеримент на пацентите во состојба на минимална свесност“, додала Матилда.
„Досега ниту еден француски доктор, јавно не изјавил дека постои лек за Шумахер, или за оние кои се во иста состојба како него. Досега се имав сретнато со многу луѓе кои ги продале своите куќи за да можат да си дозволат ваков третман. Сега кружат вести за Шумахер, кои можат да ги доведат во заблуда голем број на заболени пациенти и членови на нивните семејства“, објаснува докторката.
Шумахер во понеделникот бил примен во болница во Париз. Настанот бил проследен во голема тајност, а откако се дозна за истото, веста одекна низ сите светски медиуми.
Угледниот француски весник „Парисјен“, успеал да стапи во контакт со една од медицинските сестри задолжени за надгледување на состојбата на Шумахер и да ја открие неговата здравствена состојба.
Шумахер за прв пат од кога се случи несреќата ја напуштил семејната вила. Седумкратниот светски шампион на 29 декември 2013 година, доживеа несреќа за време на скијање, кога тешко ја повреди главата.
По направените низа операции, Шумахер бил пуштен на домашно лечење. Од тој момент, тој се немал појавувано во јавност, ниту го напуштил неговиот дом.
Текстот Третманот со матичните клетки е измама, на семејството на Шумахер му даваат лажна надеж е превземен од Reporter.mk.