Три хороскопски знаци кои живеат најдолго

Според истражувањата  во кои учествувале преку 10 000 луѓе, три хороскопски знаци се подолговечни од другите. Тоа се рак, девица и овен.

Рак
Се верува дека многу ракови можат да доживеат длабока старост затоа што тие сакаат да водат здрав живот, бидејќи
знаат дека урамнотежената исхрана и здравиот дух го продолжуваат животот. Освен тоа, ги мотивира и мислата да
поживеат што подолго за да бидат што подолго покрај своите најмили и да се грижат за нив. Раковите се многу
грижливи и исклучително семејни луѓе.

Девица
Девиците се долговечни, благодарение на уредниот начин на живот и големата грижа за своето здравје. За многу девици правилната исхрана и вежбањето е стил на живот па тие и не можат да замислат да живеат на поинаков начин. Исто така, девиците се прилично смирени луѓе, а помал стрес значи и подолг живот.

Овен
Од сите знакови во хороскопот овенот има најголема страст за животот. Станува збор за исклучително физички и силен знак, а неговата импулсивност спречува таложење на негативна енергија. Тој е хедонист е вечен оптимист. И ужива во сè што прави.

Текстот Три хороскопски знаци кои живеат најдолго е превземен од Reporter.mk.