Иако сите луѓе флертуваат помалку или повеќе, астролозите велат дека оние што се родени во знакот на лав, риби и близнаци се експерти за флерт.
Лав
Лавовите каде и да појдат стануваат главни ѕвезди. Исклучително се шармантни и храбри, што ги прави неодоливи, па не мора премногу да се трудат околу заведувањето.
Риби
Рибите точно знаат како може да освојат одредена личност, па многу брзо го добиваат тоа што го сакаат. Тоа што постојано сонуваат за нешто, но и нивниот начин на размислување за многумина е неодолив. А тие се свесни за тоа.
Близнаци
Близнаци секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, во кое уживаат на многу суптилен начин, а на спротивниот пол токму тоа му се допаѓа кај нив. Друштвени се и добро се вклопуваат во секоја група на луѓе. Секогаш имаат многу теми за разговор, па на тој начин ги освојуваат и најтешките.
Текстот Три хороскопски знаци што најмногу флертуваат е превземен од Reporter.mk.